skolo logo fb

logo-kmg

hummel Logo 160

LIVESCORE.in
OFF

Нант ги започна подготовките за новата сезона

prozivka nant

Европскиот вицешампион Нант денес ги започнува подготовките за новата натпреварувачка сезона. Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ја стартува својата втора сезона во Франција. Тој покрај себе од денес има уште еден поранешен соиграч од Барселона, бидејќи во Нант се врати репрезентативното крило Валеро Ривера.

По одличната сезона во која Нант за малку не ја освои европската круна во своето премиерно издание на Лигата на шампионите, екипата предводена од Тјери Анти пак ќе игра во најсилниот европски Куп, а првиот предизвик е катанаречениот Трофеј на шампионите, што е турнир на четирите најдобри екипи од минатата сезона во борба за Суперкуп титулата. Во Лигата на шампионите, Нант е дел од групата Б заедно со ПСЖ, Пик Сегедин, Флензбург, Скјерн, Загреб, Мотор и Целје Пивоварна Лашко. Ракометарите на Нант ќе се соочат со европскиот шампион Монпелје во полуфиналето на „Трофејот на шампионите". Покрај Нант и Монпелје, во второто полуфинале ќе играат Сант Рафаел и ПСЖ, кој ќе биде предводен од Раул Гонзалез. Полуфиналните двобои ќе се играат на 1 септември, додека мечот за третото место и финалето се следниот ден.

Како дел од подготовките, Нант ќе одигра неколку турнири и ќе тестира против силни ривали. Веќе се пуштени во продажба првите пакети на билети за соочувањата со Данкерк и Флензбург на 12 и 15 август и Монпеље и Скјерн на 26 и 29 август. Нант и оваа сезона ќе биде тврд орев за кој ривал во француската лига и Лигата на шампионите.