Добитник на првата награда е Моника Крајлевска
Моника Крајлевска е добитник на првата награда на официјалната веб страна на Кирил Лазаров. Таа ја испрати најоргиналната порака за пласманот на Македонија на СП во Шпанија и ќе го добие дресот на Македонија со број 7 кој му припаѓа на Кирил Лазаров. Моника најдоцна до 5 август треба да ги остави своите податоци на нашата електронска адреса за наградната игрa
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
за да ја контактираме и да и ја врачиме наградата.
Стартува новиот циклус од наградната игра.
Играјте и добијте дрес од Кирил Лазаров од неговите бивши клубови.
Во својата кариера нашиот ас често бил избиран за најдобар или во друштво на најдобрите. На фотографијата е само еден од многуте тимови во кои се нашла нашата „седумка„. Кирил Лазаров веќе го избра својот идеален тим. Добро разгледајте во „КАРИЕРА„ и изберете ја идеалната седумка на Лазаров. Погодете ги најдобрите соиграчи во кариерата на нашиот капитен и во клубовите и во репрезентацијата.
Доколку успеете да ги изберете истите шест соиграчи кои Лазаров ги стави во неговиот тим, ќе го добиете оргиналниот дрес со број 77 на Атлетико Мадрид. Во тимот бирајте ги сите позиции, со исклучок на позицијата десен бек, која е резервирана за Лазаров.