Душебаев има осуммина на првата прозивка
Во понеделник 30 јули Атлетико Мадрид се враќа на работа и ја почнува сезоната 2012/13. На стартот се инкорпорираа сите меѓународни играчи, освен оние кои учествуваат на Олимписките игри . Севкупно стручниот штаб на располагање ќе има осум играчи: Кирил Лазаров, Роберто Гарсија Парондо, Мариус Јуркиевич, Алваро Ферер, Еду Фернандез, Давид Дејвис, Анхел Ромеро и Јозеп Maсач.
Тие се повикани во понеделникот во 9 часот на фудбалскиот терен на клубот Депортиво Тетуан во паркот „Агустин Родригез Сахагун„. Во попладневните часови и во текот на овој месец ќе работат двојни сесии, вклучувајќи работа во спортскиот центар „Антонио Дијаз Мигел„ кој се наоѓа во истата област. Пред започнувањето на предсезоната осум играчи ги минаа лекарските прегледи во центарот за спортска медицина во четвртокот и петокот.