ФОТО: Релакс на Охридските плажи пред напорната сезона
Минаа 40 дена од одморот на капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров. Последните неколку дена нашиот „спортски бисер„ ги мина во македонскиот „туристички бисер„ Охрид. Во друштво на семејството и најблиските пријатели, Лазаров мина неколку дена во Охрид, каде имаше доволно време да се одмори и релаксира од вообичаеното секојдневие.
Еден сосема поинаков викенд заедно со пријатели, со „водена обиколка„ со глисер на убавините на Охрид му годеше на Лазаров. Охрид беше преполн со туристи, а и временските услови како порачани за овој вид на забава. Иако наиде на многу негови симпатизери, вљубеници во спортот и потпиша многу автограми, Лазаров неверојатно се забавуваше.
По десетина дена во Дубровник и неколку во Охрид, ракометарот на Атлетико Мадрид „ги наполни батериите„ за она што следува во новата сезона. И не само што му се допадна охридскиот викенд, туку Лазаров вети дека пак ќе ја повтори забавата со своите пријатели.