ВИДЕО: Познат календарот за новата ASOBAL лига
Денес во седиштето на федерацијата во Мадрид „се роди„ новата сезона на шпанското ракометно првенство. 23 издание на ASOBAL лигата официјално почнува на 8 септември 2012 и ќе трае до 25 мај 2013 година. Ќе се натпреваруваат 16 екипи , а пак главните фаворити за титулата се Атлетико Мадрид и бранителот на тронот Барселона.
Ова се двојките за првото коло кое ќе се игра на 7 и 8 септември 2012 година
Атлетико Мадрид - Натурхаус Ла Роја Логроњес
Адемар Леон Леон - Гвадалахара
Барселона - Хелветиа Анаитасуна
Арагон - Палма дел Рио
Грањолерс - Октавио академија
Хуеска - Алсер Порто Сагунто
Сиудад енкантада - Кангас
Ваљадолид - Вила де Аранда
Првото големо дерби меѓу Атлетико Мадрид и Барселона се игра на теренот на екипата на Кирил Лазаров на 8 декември оваа година, а реваншот во „Палау Блауграна„ во Барселона е на 11 мај 2013 година. Минатата сезона токму меѓусебните дуели решаваа за првакот, а веројатно така ќе биде и оваа сезона. Официјалната веб страна на Кирил Лазаров директно ќе ги пренесува поголемиот дел од средбите на Атлетико Мадрид од ASOBAL лигата во сезоната 2012/13.