Сан Антонио се откажа од своето место во ASOBAL Лигата, поради тешкотиите во пронаоѓање на спонзор, кој ќе им овозможи да се натпреварува во наредната сезона. Сан Антонио беше ASOBAL шампион во сезоните 2001-2002 и 2004-2005, европски првак во 2001 година по историското финале против Барселона.
Сан Антонио, исто така го освои Европскиот супер куп во 1999-2000 сезона, двеа пати Купот на Победниците на Куповите 1999-2000 со победа во финалнето против Дунафер и во 2003-2004 во шпанското финале против Ваљадолид. Во витрините на клубот стојат и два Купа на Кралот во 1998-1999 и 2000-2001 и три ASOBAL Суперкупа 2001-2002, 2002-2003 и 2005-2006.