По Ниш, Белград, Гетеборг и Виена наредна дестинација на македонската „фаланга„ е шпанскиот град Севиља. Најмалку 6-7 дена нашите навивачи во овој град ќе ја бодрат ракометната репрезентација. Севиља е културен, финансиски и уметнички центар на јужна Шпанија и главен град на покраината Андалузија и провинцијата Севиља.
Според пописот во 2005 Севиља има 704.154 жители (со предградијата 1.043.000), додека со околните населби овој број достигнува цифра од 1.317.098 според истата проценка, што ја става на четврто место во шпанските метрополи. Градот е стар повеќе од 2.000 години. Ова е дел од официјалното видео на организаторот на светското првенство.