Македонија ги дозна своите противници за Светското првемство во Шпанија од 11 до 27 јануари 2013 година. Националниот тим на Звонко Шундовски воден од капитенот Кирил Лазаров имаше солидна ждрепка за своето трето учество на светските првенства.
Македонија ќе игра во групата Б во Севиља, а ривали ќе му бидат: Данска, Исланд, Русија, Чиле и Катар. Мадридската ждрепка ни донесе стари познаници, нови предизвици и многу исчекувања за наредната зима. Најдобрите четири репрезентации од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето, од каде по нокаут систем ќе се игра се до финалните натпревари во Барселона.