Домаќинот Данска на мечот од првото коло со Македонија ќе биде без Андерс Егер кој ја загуби трката со времето за настап на стартот од континенталниот ракометен собир.
Повредата на мускулот што го мачеше подолго време е причината поради која не постојат ниту теоретски шанси Егер да може да настапи в недела против нашиот национален тим. Покрај крилниот ракометар мечот против Македонија ќе го пропушти и ракометарот на Кил, Расмус Лауге, кој во петокот прв пат тренираше со полна пареа, но Вилбек не сака да ризикува со негов настап на премиерниот натпревар од шампионатот.