hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Меч со голем жар и корисен тест со Србија„

05012014220122 Kire Lazarov

Најдобриот стрелец на средбата со Србија, Кирил Лазаров го вреднуваше овој тест меч како многу корисен во пресрет на тоа што ќе ја очекува репрезентацијата во Данска. Во краткото интервју за весникот „Нова Македонија„ рече:

„Имавме одличен спаринг-партнер во репрезентацијата на Србија. Сметам дека оваа Србија е дури и подобра од онаа пред две години, кога го освои второто место на ЕП во нивната земја. Задоволен сум од прикажаното на овие два контролни меча, го дадовме максимумот иако и против Србија посакувавме победа. Сепак, остануваат одредени финеси во нападот и во одбраната, кои ќе мора да ги подигнеме на повисоко ниво, бидејќи тие можат да се покажат како пресудни на дуелите кои не очекуваат во Данска. Мораме во тие решачки моменти да бидеме многу посконцентрирани. Но, турнирот е зад нас, денес имаме слободен ден, а потоа продолжуваме со завршните подготовки во Скопје„ изјави по мечот Лазаров.

Share