hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победата и турнирот за Србија

1

Турнир - Македонија 2014

Македонија - Србија 28:30 (15:13)

Во одличен амбиент, македонската репрезентација одлично го отвори мечот со европскиот вицешампион Србија. Посебно инспириран беше Гоце Георгиевски со три брзи гола, Ристовски со две клучни интервенции „диригираше„ со одбраната, а и капитенот Лазаров расположен го почна мечот.

Така цела една третина од првото полувреме нашата реализација беше стопроцентна, па Владан Матиќ во 8 минута при 6:2, побара минута одмор. Но по тајм-аутот, Страхиња Милиќ одбрани седмерец, Момир Рниќ два пати погоди преку блокот и Србија дојде до 6:4 во 11 минута. На крилата на расположениот Борко Ристовски на голот и неговите контри, нашиот тим одржуваше 3-4 гола предност. Дејан Манасков од крилна позиција најнапред беше прочитан од Милиќ, па во 12 минута зголеми на 8:4. Точно на половина од полувремето пророботи и Филип Миркуловски и со два гола, најнапред од транзиција, па низ зоната, ни донесе +5 во 18 минута. Но тогаш дојде до мало опуштање, две технички грешки и најмладите во српскиот табор, Радивојевиќ и Зеленовиќ намалија на 11:7, за тајм-аут на Обрван во 20 минута. Следеа пак минути на црвено-жолтите. Капитенот Лазаров изнуди и реализираше седмерец, а Манасков по исклучувањето на Манојловиќ, врати спокојност за 13:9 во 24 минута. Но во недостиг на идеи, србите се потпреа на инвидуалности и Никчевиќ и најефикасниот Рниќ се доближија до 13:11. Тогаш Кирил Лазаров со четвртиот гол врати на +3 во 26 минута. Нашите соседи комплетно се вратија во мечот кога Никчевиќ од надвершната позиција со изненадувачки шут и Петар Ненадиќ со бомба спуштија на -1. Но минијатура одиграа Лазаров и Георгиевски и со четвртиот гол на десното крило, Македонија на одмор замина со 15:13.

1

Вториот дел одлично го почна Петар Ненадиќ со два гола од огромна далечина и добрата игра на србите кулминира со израмнувачки гол на Вујин во 35 минута (16:16). Иако со играч помалку со исклучувањето на Тоскиќ, гостите прв пат поведоа во 37 минута, кога Никчевиќ реализираше контранапад. Но пак наши клучни адути беа Лазаров и Ристовски. Капитенот погоди по петти пат, а голманот на Гумерсбах фантастично одбрани и лансираша контра за Георгиевски за 19:18. Но како во бранови да ги менуваа позитивните моменти и едните и другите. Пак најрасположените меѓу гостите Никчевиќ и пред се Петар Ненадиќ со два лесни гола по наши технички грешки, им носат за прв пат +2 на Србија, за тајм-аут на Обрван при 19:21 во 42 минута. И кога нашата игра полека паѓаше, во централната фаза на вториот дел, Прибак од првиот свој шут и Георгиевски од контранапад, не враќаат до егал (22:22) и овој пат Матиќ ја прекина нашата мини-серија со една минута одмор. Така двете репрезентации имаа свои подеми и падови, што е нормално за подготвителни натпревари. Ненадиќ и Вујин со два надворешни шута, ја вратија дистанцата од два гола на нашиот северен сосед (22:24). Ред беше на нашите момци, кои со лобот на Лазаров и контрата на Златко Мојсоски дојдоа до 25:25 во 53 минута. На точно три минути до крајот, Дарко Станиќ го одбрани седмерецот на Лазаров, но и Петар Ангелов со своите одбрани, не остави во живот. На голот на Никчевиќ возврати, Ојлевски и со 27:28 се влезе во последните 90 секунди. Тогаш Марко Вујин го постигна својот седми гол, веројатно клучен за победникот на мечот и турнирот. Но Кирил Лазаров по осми пат ја погоди српската мрежа и на 20 секунди пред крајот, Матиќ побара тајм-аут, а резултат гласеше 28:29 и напад за гостите. На пет секунди пред крајот, Растко Стојковиќ го постигна својот прв гол и ја потврди победата на Србија. Со оваа втора победа во два дена, репрезентацијата на Матиќ и Периќ, го освои новогодишниот турнир во Скопје. Двете репрезентации имаа два добри теста во пресрет на континенталниот собир, а и покрај поразот, нашите навивачи со аплаузи ги испратија Лазаров и другарите за Данска.

3

Турнир - Македонија 2014

Македонија - Србија 28:30 (15:13)

СРЦ „Кале„ - Скопје. Гледачи: 2000
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Македонија)
Делегат: Камер Металари (Македонија)
Црвен картон: Никола Манојловиќ (Србија)

Македонија:
Ристовски (6 одбрани), Митревски, Ангелов, (4 одбрани), С. Стоилов 2, Ангеловски, Манасков 3, Јоноски 2, К. Лазаров 8, Митков, З. Мојсоски 2, Георгиевски 6, Стојчевски, Миркуловски 2, В. Марковски, Н. Марковски, Димовски 1, Прибак 1, Ојлевски 1

Седмерци: 4/2
Исклучувања: 2 минути

Србија:
Станиќ (7 одбрани), Милиќ (5 одбрани), Џукановиќ, П. Ненадиќ 7, Пушица, Вујин 7, Никчевиќ 6, Манојловиќ 1, Тоскиќ, М. Илиќ 1, Д. Ненадиќ, Радивојевиќ 1, Марсениќ, Продановиќ, Стојковиќ 1, Н. Илиќ, Рниќ 4, Митровиќ, Зеленовиќ 2

Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути

Share