hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија подобра од Црна Гора, Лазаров од Шеваљевиќ

mkd - mne

Во одлична атмосфера во исполнетата спортска сала на СРЦ „Кале„ македонските репрезентативци со порака дека ќе играат за Наумче Мојсоски и Филип Лазаров го почнаа мечот. Шеваљевиќ со два гола, добро го отвори тестот за црногорците.

На истекот на третата минута, Кирил Лазаров од седум метри го постигна првиот гол за нашата репрезентација (1:2) Марковиќ и Ласица со два гола по технички грешки на домашната селекција, му носат 2:4 на гостите во 8 минута. Лазаров од десет метри погодува за прв пат и од игра за 3:4. Младиот голман на Малме, Симиќ веднаш одбрани седмерец и не дозволи да го искористиме исклучувањето на Шеваљевиќ. Головите на капитенот не одржуваа во егал ситуација, но Ракчевиќ погоди од линијата за 4:6 во 13 минута. На половина од првиот дел, Дејан Манасков изнуди четврт седмерец, а Кирил Лазаров пак спушти на -1. Пејовиќ и Шеваљевиќ со инвидуални акции, прописно ја намачија нашата одбрана и момците на Зоран Кастратовиќ одржуваа 1-2 голови предност. Ангеловски погоди од надворешните позиции за 8:9 во 18 минута. Но ракометарот на Хановер, Шеваљевиќ влезе во страотен ритам, постигна три врзани гола и при 8:11 во 19 минута, Обрван побара тајм-аут. Откако Раде Мијатовиќ феноменално му одбрани зицер на Димовски, капитенот погоди од 11 метри, па Манасков „украде„ и од контра спушти на само -1, за тајм-аут на гостинската клупа. Превсртот го комплетираше Бранислав Ангеловски за 11:11 во 22 минута. На седмиот гол на Шеваљевиќ, одговори со својот седми гол Лазаров за 12:12. На четири минути до крајот на првиот дел, Црна Гора остана со двајца ракометари помалку, па Златко Мојсоски за прв пат му донесе воство на Македонија во 27 минута. Со звукот на сирената, истиот ракометар изнуди седмерец, а Лазаров со осмиот гол ни донесе 17:16 на одмор.

makedonija-ole-615x400

Вториот дел почна како што заврши првиот, со реализиран седмерец на капитенот Лазаров за прво водство од +2 на нашата репрезентација. Миркуловски и Златко Мојсоски во серија погодуваат за нашиот тим за 20:17 во 33 минута. За прв пат момците на Обрван играа со човек помалку, но Ојлески со ефектен гол ги одржа највисоките +3 за Македонија. Шеваљевиќ со деветтиот гол ја прекина серијата на македонците, за 21:19. Ресенчанецот Стојчевски за прв пат погоди во 39 минута, а Ангелов фрли контра со човек помалку и Ојлески за прв пат зголеми на четири разлика (23:19). Бранко Ангеловски со скок-шут и по трет пат погоди од исто толку обиди, за највисоки +5. Играта на црногорците се растури, нашата одбрана изгледаше многу подобро отколку во првиот дел и Стојчевски и Манасков зголемија на 26:20, за тајм-аут на Кастратовиќ во 44 минута. Следеше опуштање во нашиот табор, два лесни гола на Марковиќ и исклучување на Дејан Манасков. Штипјанецот Влатко Митков погоди со човек помалку за 27:22, но брзо реплицираше Перишиќ со два гола за - 3. Но серијата на гостите ја сопреа Митков со убава асистенција и гол на Ванчо Димовски од линијата (28:24). Ангеловски изнуди најстрога казна, а Дејан Манасков го матираше Мијатовиќ за стабилно водство, дури и во периодот кога на паркетот не беше капитенот Лазаров. Митков од крилна позиција ефектно го постигнува 30 гол за нашиот национален тим. Кога Гоце Георгиевски погоди од крилна позиција во 53 минута, тој беше десетти наш стрелец во мечот (31:25). Липовина со два гола го направи евидентниот пораз, поблаг, пред тајм-аутот на Обрван во 57 минута. Митков со звукот на сирената, погоди за финални 33:27 и пак благодарение на вториот дел, како и во ноември во Струмица, нашиот тим стигна до победа против Црна Гора. Утре на турнирот Црна Гора игра со Србија, а европскиот вицешампион в недела е нашиот противник за завршување на тромечот на бившите југословенски републики.

10880-kiril-lazarov-l-of-macedonia-shoots-and-scores-past


Турнир - Македонија 2014


Македонија - Црна Гора 33:27 (17:16)

СРЦ „Кале„ - Скопје. Гледачи: 1200
Судии: Глигор и Спаско Ќаеви (Македонија)
Делегат: Миле Најденовски (Македонија)

Македонија:
Ристовски (3 одбрани), Митревски (2 одбрани), Ангелов, (3 одбрани), С. Стоилов, Ангеловски 3, Манасков 4, Јоноски, К. Лазаров 9, Митков 3, З. Мојсоски 2, Георгиевски 2, Стојчевски 2, Миркуловски 2, В. Марковски, Н. Марковски, Димовски 3, Прибак, Ојлевски 3

Седмерци: 7/6

Исклучувања: 6 минути

Црна Гора:
Мијатовиќ (7 одбрани), Рајковиќ, Симиќ (1 одбрана), Шеваљавиќ 9, Ракчевиќ 2, Борозан, Милошевиќ, Поповиќ, Липовина 2, Анџелиќ, Марковиќ 3, Радовиќ, М. Вујовиќ 1, Радојевиќ, Симовиќ 3, Грбовиќ, Пејовиќ 2, С. Вујовиќ, Перишиќ 3, Петричевиќ, Ласица 2

Седмерци: 3/3

Исклучувања: 6 минути

Share