hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров спортист на Македонија за 2013, според „ЕКИПА„

2f44e2e890a0a144578a459e491b5519

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најдобриот наш спортист за изминатава 2013 година, според гласовите на читателите на веб порталот ЕКИПА. Лазаров е убедливо првиот избор на нашите читатели со апсолутно мнозинство во добиените гласови, пред кошаркарот на Атланта Хоукс, Перо Антиќ и најдобриот наш фудбалер Горан Пандев.

anketa ekipa

Изминатиов месец беше активирана анкетата на нашата интернет страница, на која одговорија 6033 лица (можеше да се гласа само еднаш од една IP адреса), при што својот гласа за Кире Лазаров го дадоа 3028 лица или 50,2%, а зад него на второто место беше Перо Антиќ со 1190 гласа (20%) и Горан Пандев со 646 гласови (11%). Лазаров зад себе имаше извонредна година потврдувајќи го својот квалитет како еден од најголемите спортски амбасадори на Македонија и во дресот на шпанскиот гигант Барселона со кој сезонава атакува на европската круна. Македонската репрезентација ја предводеше до нов пласман на собирот на најдобрите на Стариот континент, на ЕП 2014 во Данска, па веќе во месецот кој претстои посакуваме повторно да ја поведе Македонија кон нов интернационален успех. На четвртото место во нашата анкета ракометарот Наумче Мојсоски со 563 (9%) кој беше лидерот на Металург до најголемиот успех во клупската историја, пласманот меѓу најдобрите осум екипи во Европа, петти според гласовите е членот на италијанскиот Калјари, Агим Ибраими со 361 глас (6%) и шести каратистот Берат Јакупи со 245 гласа (4%).

Share