hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Двата капитени - личности на годината според „Утрински весник„

462754 m3msw475h316q75v45893 jpeg-148076004DB61F39-20120127-img 34759202 original.large-4-3-800-5-218-2694-2232pero antic

Спортската рубрика на „Утрински весник" првпат во досегашните 15 сопствени избори на најдобрите македонски спортисти во годината што изминува не можеше да се определи за еден, туку за двајца што ја одбележаа 2013 година. Станува збор за ракометарот Кирил Лазаров и за кошаркарот Перо Антиќ, кои го делат првото место на листата составена од десет имиња. Карактеристично за нашиот избор е тоа што во него ја нема вообичаената поделба на спортистите според полот и возраста, туку сите се дел од единствена листа.

Десеттемина најуспешни годинава според „Утрински" се:

Кирил Лазаров (ракомет)

Од летоска е прв македонски ракометар ангажиран од каталонскиот гигант Барселона, најтрофејниот клуб во овој спорт во светот. Со Барса освои три трофеи досега, и тоа Светското клупско првенство (ИХФ Суперглоуб), Суперкупот на Шпанија и Купот на АСОБАЛ, а во дресот на Атлетико Мадрид го крена пехарот од Купот на кралот. По седум одиграни кола е најефикасен играч на Барселона во Лигата на шампионите сезонава, каде што е шести на листата на стрелците. Во минатата сезона со Атлетико стигна до четврт-финалето на ЛШ и заврши 13. меѓу голгетерите, а во Шпанија беше трет стрелец во лигата. Како капитен на репрезентацијата на Македонија го освои 14. место на Светското првенство во Шпанија, каде што беше петти стрелец, и избори пласман на Европското првенство 2014 во Данска.

Перо Антиќ (кошарка)

Прв Македонец во НБА-лигата, во која за Атланта хоукс до крајот на годината настапи на 20 натпревари, во кои играше во просек 11,6 минути и постигнуваше 3,6 поени, 2,4 скока и 1,2 асистенции. Пред заминувањето во најсилната кошаркарска лига во светот вторпат едноподруго триумфира во Евролигата со Олимпијакос. Како капитен, ја предводеше Македонија на Европското првенство во Словенија, каде што на четири од петте одиграни мечеви забележа дабл-дабл, а шампионатот го заврши со просек од 13,8 поени и осум скока по меч.

3. Димитар Ѓорѓиев (кикбокс)

Златен медал на Светското првенство во Анталија во дисциплината кик-лајт, категорија до 74 килограми. Ја одбрани светската титула од пред две години.

4. Берат Јакупи (карате)

Европски шампион до 21 година во кумите, категорија над 78 килограми, бронзен медал на сениорското ЕП во кумите (до 84 кг), балкански првак до 21 година во кумите (над 78 кг).

5. Илина Арсова (алпинизам)

Во мај стана прва Македонка што се искачи на највисокиот планински врв во светот - Монт Еверест (8.848 метри) на Хималаи.

6. Горан Пандев (фудбал)

Вицешампион на Италија со Наполи, настапи во групите од Лигата на шампионите. Најави простување од македонската репрезентација како најефикасен во историјата со 26 гола.

7. Евгениј Поп-Ацев (пливање)

Втор во вкупниот поредок во Гран-при серијата на ФИНА во маратонско пливање со 61 бод, само еден помалку од шампионот Дамјан Блаум од Аргентина. Осми на 10 км на Универзијадата во Казан, втор на маратонот Капри - Неапол (36 км).

8. Томи Стефановски (пливање)

Победник на најпрестижниот пливачки маратон во светот на езерото Сен Жан во Канада (32 км, 40.000 американски долари), четврти во генералниот пласман во Гран-при серијата на ФИНА.

9. Јадранка Недева-Јарчевска (традиционално карате)

Бронзен медал во кого кумите во сениорска конкуренција на Европското првенство во Белград.

10. Димитар Грабул (тенис)

Годината ја почна на 1893. место на АТП-листата во сингл, ја заврши на 538., а на 7 октомври беше 525.. Освои два фјучерса во Белгија (Ојпен и Де Хан) во сингл и еден во двојки.

Share