hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лесна „виза„ за четвртфинале во Кралскиот Куп за Барса

Bidasoa-Barcelona-Artaleku

Куп на шпанскиот Крал (осминафинале)

Вила де Аранда - Барселона 26:39 (12:19)

Едно од ретките натпреварувања кое минатата сезона Барселона не го освои, бидејќи на патот му застана Атлетико Мадрид со Кирил Лазаров во составот, оваа сезона го почна со лесна и убедлива победа на гости. Според новиот систем на натпреварување, кој стапи на сцена од минатата сезона во оваа фаза се игра само еден натпревар, а Барса без многу напор славеше кај Вила де Аранда со 13 гола разлика.

Одлуката во овој меч падна од 10 до 15 минута од првото полувреме кога, каталонците направија серија од 6:0 и тоа беше доволно разликата да стане недостижна за една од најслабите екипи во ASOBAL лигата. И без повредениот Хуанин Гарсија избраниците на Хавиер Пасквал многу сериозно му пристапија на овој натпревар. Арпад Штербик одлично го отвори мечот и собра 4 интервенции во првите 10 минути. Гостите брзо дојдоа до 4:6, ја зацврстија одбраната и со серија на лесни голови од контранапади, отидоа на 4:12. Карабатиќ и Гурбиндо погодуваа од надвор, а Виктор Томас беше незадржлив во контранапади. Сладиќ и Чема со мини-серија на домаќините од 4:2, фатија приклучок, но во финишот на првото полувреме во игра влезе Кирил Лазаров. Нашиот интернационалец со неколку одлични инвидуални потези ја задржа разликата од 7-8 гола до одморот. Томас погоди за 12:19 и извесност пред вториот дел.

На почетокот на второто полувреме на голот на фаворитот застана Даниел Шариќ и имаше исто така добра партија како Штербик во првиот дел. Раул Ентрериос одлично го почна вториот дел, Лазаров го задржа добриот ритам од првиот дел, а честите асистенции на надворешните ракометари беа идеални за Јаспер Нодесбо и неговите голови од линијата. Со 18:29 на половина од второто полувреме, јасно беше која екипа ќе игра во четвртфиналето на Купот на шпанскиот крал. Во последните 10 минути, покрај петтиот гол на Лазаров, се разигра и Страновски и со серија на голови од неговата позиција, предноста ја донесе до највисоки +14. Убедливата разлика му дозволи на Пасквал да го стави на голот младиот Фран Ревуелта, кој во завршницата дебитираше за шпанскиот првак. Барселона со леснотија го приведе мечот кон крај и ги заштеди силите за саботното дерби со Натурхаус ла Роха. Во победничката екипа Лазаров, Раул Ентрериос и капитенот Томас постигнаа по 5 гола, голманите Штербик и Шариќ имаа 15 интервенции заедно и скоро сите гостински ракометари постигнаа гол. Кај Вила де Аранда, Сладиќ со 6 гола беше најзабележителен и најефикасен. Барселона се наоѓа на само еден чекор до место на FINAL FOUR турнирот во мај наредната година.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share