Со одигрувањето на 13 коло од ASOBAL лигата, познати се сите четири екипи кои на 20 и 21 декември во „Палау Блауграна„ во Барселона ќе се борат за трофејот од ASOBAL купот. Со оглед на правилата кои налагаат во ова натпреварување да учествуваат четирите првопласирани екипи од есенскиот дел од шампионатот, на две кола до зимската пауза, четворката е позната.
Барселона, Грањолерс, Натурхаус Ла Роха и Хуеска се четирите екипи кои ќе се борат за трофејот, кој минатата година го освои Барселона. По последните две есенски кола ќе бидат познати и полуфиналните парови.