hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Се подготвуваме за Вардар„

kire29112013

Трет пат во сезоната во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров со својата Барселона ќе игра против македонски тим во најсилниот европски куп. Саботниот меч со Вардар во „Палау Блауграна„ е можност Барса да ги наплати сметките по ремито во првото коло, со што Вардар тогаш воден од Кастратовиќ, единствен не загуби во официјален меч од каталонцоте оваа есен.

За дневниот спортски весник „Македонски спорт„ и за „Телеграф„ капитенот на националната репрезентација изјави: „Исто како што верувавме по ремито со Вардар во Скопје, веруваме во себе и по победата во Париз. Загубениот бод во Скопје е мотивација целиот тим да игра подобро. Вардар не го освои тој бод среќно, туку се избори за него. Тоа е мотив плус за нас. Иако има повреди, не верувам дека тоа ќе се одрази на нивниот квалитет, имаат доволно ракометари да ја покријат секоја позиција„ вели Лазаров.

http://www.telegraf.mk/sport/rakomet/71051-kire-lazarov-se-podgotvuvame-za-vardar

Share