hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лесна победа и есенска титула за Барселона

kire so dinamo minsk

Хуанферса - Барселона 21:45 (14:21)

Гостувањето кај новиот ASOBAL лигаш Хуанферса во Хихон беше генерална проба за Барселона пред мечот со Вардар в сабота. Максимо Касас по 20 секунди го отвори резултатот, но брзо реагираа каталонците и Страновски и Сорондо до 3 минута израмнија на 2:2.

По спектакуларна инвидуална акција, Монтес во 4 минута погоди за 3:2, но само 15 секунди подоцна Рутенка погоди во свој стил за 3:3. Белорусинот со гол низ одбраната на домаќините од Хихон, за прв пат го доведе тимот на Барселона во водство (3:4). Леворакиот Гурбиндо на почетокот од 7 минута комплетно го сврти резултатот во полза на европскиот вицешампион. Астуријанците реагираа и Клементе и Родригез во една минута израмнуваат на 5:5. Во тој ритам се играше се до средината на полувремето. Рутенка низ одбраната на Хуанферса постигна уште два гола, но возврати Клементе за 8:8 во 15 минута. Од тој момент гостите „нагазија„ и Страновски и Сорондо со лесни голови во транзиција носат 8:10 во 18 минута. Предноста полека растеше и кога Пасквал ја изротира целата стартна постава. Лазаров погоди од првиот шут од девет метри, Нодесбо од линијата ја вршеше истата работа како и Сорондо и со 8:11 се влезе во последните 8 минути од првиот дел.

Французинот Никола Карабатиќ со два гола во последните девет минути ја направи предноста поосетлива (11:15) Толку малку им треба на ракометарите на Пасквал, што за неколку минути ја зголемија предноста дури до +7 на полувреме. Гостите направија мини-серија од 3:0 со голови од контранапад на Белегер и гол на Хуанин Гарсија за +7 во 27 минута. Првиот дел заврши со уште два гола на Кирил Лазаров, од дистанца и од седум метри за високи 14:21 на одмор.

Второто полувреме беше само формалност, па дури и дебакл на новиот ASOBAL лигаш Хуанферса. Нодесбо и Рутенка во првите 100 секунди од вториот дел, предноста ја зголемуваат на +9 за шпанскиот шампион. Голот на Алехандро Родригез во 33 минута беше краток тајм-аут во доминацијата на гостите. Во само 7 минути Барса прави нова голема серија од 7:2 и во 39 минута, каталонците дојдоа до 30 гол и до недостижни 13 разлика. Шариќ остана 9 минути несовладан и собра 8 одбрани во централната фаза на вториот дел, а неговите соиграчи во тој период со нови шест гола дојдоа до 18:36. Хуанин Гарсија и Виктор Томас со голови од брзи контри кои траат само неколку секунди, го полнеа голот на Адам Савиќ.

Својот период во вториот дел го дочека и Кирил Лазаров и со уште два „проектила„ во 50 и 51 минута зголеми на 19:38. Формални беа последните 8-9 минути со уште два гола на Белегер, реализиран седмерец за 6 од 6 на Лазаров и гол на Раул Ентрериос во 59 минута за финални 21:45. Прошетка, 12 победа од исто толку средби и есенска титула в џеб за Барса на Кирил Лазаров. Нашиот интернационалец се наоѓа блиску до половина пат од она што изгледа извесно - прва негова титула во ASOBAL лигата. Конкретно на овој натпревар, Лазаров погоди 6 пати како и Рутенка, најефикасен беше Нодесбо со 8 гола, во меч во кој Барселона имаше 12 стрелци. Кај Хуанферса од Хихон, аргентинецот Алехандро Родригез со 5 гола беше најсветлата точка. Лесен меч и победа за фаворитот пред дуелот со единствената екипа која тимот на Лазаров не ја победил во досегашните 25 меча, скопски Вардар.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share