hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров, кандидат за спортист на Балканот

kire-izjava500

Македонија ќе има четворица кандидати во изборот за најдобри спортисти на Балканот за 2013 година, во традиционалната анкета на бугарската новинска агенција БТА.

Од нашата земја кандидати се кошаркарот на НБА составот на Атланта Хокс, Перо Антиќ, ракометарот на шпанската екипа Барселона, Кирил Лазаров, како и двајцата фудбалери кои настапуваат во Италија, Горан Пандев во Наполи и Агим Ибраими во Каљари. Освен Македонија свои кандидати во овој избор имаат уште Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Романија, Србија и Турција. Најдобриот спортист на Балканот за 2013 година, во традиционалниот 41. по ред избор на БТА ќе биде прогласен на церемонијата на крајот на декември во Софија.

Share