hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победа за среќен 70 роденден на Барса

gurbindo

Триумфот над Динамо Минск се поклопува со 70 години од формирањето на ракометната секција на, инаку повеќе од еден век старата каталонска институција, Барселона. Како што најчесто бива, јубилејот беше одбележан со победа и егзибиција на дрим-тимот на Пасквал.

Иако во невобичаен термин и пред нешто преку 2000 гледачи, професионалците на Барселона ја завршија работата како што тоа од нив се очекува. Во овие 70 години ракометната секција на каталонската гордост има толку многу трофеи што заедно со хокеарскиот тим кандидира за најуспешен дел од клубот во кој партиципираат фудбалскиот, кошаркарскиот, ракометниот, хокеарскиот и тимот во футсал. Со оглед на тоа што сезоната трае, а Барса веќе има два трофеи во џебот, ова може да биде перфектна година за одбележување на јубилејот.

Share