hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Како реприза од Минск, Барса пак убедлива против Динамо

viktor tomas

Барселона - Динамо Минск 35:25 (13:9)

Втората пресметка во една недела на првакот на Шпанија и првакот на Белорусија, во „Палау Блауграна„ пред 2342 гледачи, почна исто како што заврши минато неделниот меч во Минск. Барса со цврста одбрана, неколку одбрани на Шариќ, комплетно го неутрализираше гостинскиот напад и со лесни голови го отвори мечот со 3:0.

Нашиот Лазаров одлично го почна мечот, иако првиот гол тој и неговата екипа го постигна дури во 6 минута. Но стартниот гол на Лазаров, оној на Томас и на Рутенка го принудија тренерот на Динамо Минск, Борис Дениќ на тајм-аут уште во 9 минута. Но како времето одминуваше, гостите полека се консолидираа. Во 11 минута Дорошчук го постигна првенецот за тимот од источна Европа. Најнапред Шелменко, па Брука го донесоа намалувањето на дистанцата помеѓу двете екипи. По 4:2 и 7:6, во груб меч со обострани исклучувања, Динамо Минск во 20 минута најнапред израмни на 7:7, а потоа со голот на Бабичев дури и поведе и Пасквал побара минута одмор во 21 минута. Реакцијата на каталонците веше видлива и само за 9 минути од -1, тимот од Барселона дојде до +4. Рутенка мотивирано ја рушеше одбраната на Динамо, а со голот на Нодесбо во последните секунди, Барселона на одмор замина со комотни 13:9.


Ако финишот на првиот дел за Барселона беше фуриозен, почетокот на второто полувреме ја донесе одлуката околу победникот. Во само 8 минути црвено-сините ги збришаа противниците и победникот беше решен, скоро идентично како и минатата недела во Белорусија. Богданов кој во првиот дел солидно бранеше, овој пат беше цел на „бомбардирање„ од сите позиции на домашните ракометари. Хуанин Гарсија и Нодесбо ја комплетираа серијата до 22:14 и вториот тајм-аут на гостите. Во 44 минута Карабатиќ ја донесе првата двоцифрена предност (26:16), но следеше мало опуштање на домаќините. Доборац и Бабичев беа инспиратори на мини-серија од 4:0 на белорускиот првак и при 26:20, Пасквал побара минута одмор. До крајот на рутински начин, Барселона ја зголемуваше предноста до финалните 35:25 со скоро комплетен натпревар за главниот фаворит во групата Ц на Лигата на шампионите. Целосно колективот на Барселона блескаше, а најефикасен беше Сергеј Рутенка со 7 гола. Нодесбо додаде 6, ветеранот Хуанин Гарсија 5, а нашиот Кирил Лазаров 2 гола. Кај Динамо Минск најефикасни беа Бобичев со 5 и Доборац со 4 гола. Петта победа во шест меча на Барселона или 22 од 23 официјални меча откако почна сезоната.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share