hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Карабатиќ ги оправдуваат очекувањата

lazarov i karabatic

Двете звучни засилувања на Барселона во летниот преоден рок, Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ комплетно ги оправдуваат очекувањата по првите неколку месеци во новиот клуб. Првиот е најдобар стрелец на екипата во Лигата на шампионите, а вториот во ASOBAL лигата.

Македонскиот репрезентативец со 32 гола е најдобар клубски стрелец и еден од најдобрите во целото натпреварување. Специфично е што против Металург постигна 9 гола, што е најефикасното негово издание. По 11 коло во шпанското првенство Лазаров исто така има 32 постигнати гола. Карабатиќ од друга страна со 52 гола е најефикасен каталонец во ASOBAL лигата, а во најквалитетниот европски куп постигна 25 гола. Втор најефикасен клубски стрелец во двете натпреварувања заедно по французинот, е Сергеј Рутенка со 49 гола во ASOBAL лигата и 27 во Лигата на шампионите.

 

Share