hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

42 гола и победа како од шега за Барса

karabatic i sorondo

Барселона - Ваљадолид 42:26 (23:13)

11 победа на 11 меч од домашното првенство за Барселона на Кирил Лазаров. Во вонредното коло во „Палау Блауграна„ совладан жилавиот но сепак немоќен Ваљадолид, кој како и скоро сите ривали во ASOBAL лигата оваа сезона имаше краткотраен отпор и веднаш се помири со разликата во квалитет. Пасквал шанса му даде на Даниел Шариќ на голот и тој уште од стартот потврди дека влегол во ритам.

Со четири одбрани во првите 10 минути, му понуди на соиграчите полесен начин резултатски да побегнат. По првите 100 секунди, Раул Ентрериос и Нодесбо го отворија резултатот (2:0) Единствено Фернандо Касадо реплицираше и во првите 10 минути, само тој постигнуваше голови за Ваљадолид. А Барса со своите милион ресурси на секаков начин ја тресеше мрежата на гостите од северна Шпанија. Младиот Аитор Арињо и Гурбиндо на позицијата на Лазаров, со луцидни голови од контри, носат 6:3 во 7 минута. Играта на момците на Пасквал често одеше преку кружниот напаѓач Нодесбо, кој со уште два гола во негов стил во 12 минута зголемува на 12:6. Во таа фаза благодарение на играта во одбрана, каталонците обезбедија високи +8, кога Томас и Раул Ентрериос во неполна минута зголемија на 14:6. Нашиот Лазаров доби шанса штом помина првата половина од полувремето и од вториот обид ја погоди мрежата на Цезар Перез Вердехо (16:9) Ваљадолид остана без реакција и дури откако Сорондо и Томас реализираа две контри на 18:9, во 23 минута тренерот на Ваљадолид побара тајм-аут. Дури во последните 7-8 минути Милош Божовиќ со два гола возвраќа за Ваљадолид (19:10) На пет минути до одморот Сорондо со вториот гол за прв пат донесе двоцифрена предност (20:10) И Шариќ пред одморот собра 10 интервенции, некои од нив како плод на одличната одбрана на Барселона. Па Рутенка штом влезе во игра веднаш погоди аз 22:12, а Касадо со петтиот гол на влезот во последната минута погоди за -9. Со звукот на сирената Рутенка на одмор обезбедува недостижна предност во едно од најимпресивните полувремиња што се однесува до реализацијата (23:13)

Си три гола на стартот од вториот дел, Ваљадолид реагираше да го „фати на спиење„ штотуку влезениот Арпад Штербик. На голот на Гурбиндо од контранапад, возврати црномурестиот Гиљерме Гомез за 26:17 во 38 минута. Штербик се разбрани, а Сармиенто со два гола во негов стил низ срцето на одбраната зголеми на 28:18. Со слични голови во брза транзиција во акции кои траат 2-3 секунди, Карабатиќ и Хуанин Гарсија погодуваат за највисоки 30:18 во 43 минута. По исто сценарио само што влезе Јоан Саубич од контра од крилна позиција зголемува на +13 за минута одмор за Ваљадолид. Божовиќ од време на време со голови од надворешните позиции ја прекинуваше серијата на Барса, но инерцијата на мечот отиде до рекорден број на голови и нова убедлива победа за првакот на Шпанија. Раул Ентрериос и Балагуер на 10 минути пред крајот зголемија на 35:21. Карабатиќ и Раул Ентрериос ја „раситнаа„ 40 ката уште на 4 минути пред крајот (40:24) Прелесно како на тренинг, Барса го приведе мечот кон крај за финални 42:26 . Во победничката екипа Раул Ентрериос и Рутенка постигнаа по 6 гола, а заедно Шариќ и Штербик собраа 20 одбрани. Кирил Лазаров играше само дел од мечот и постигна 1 гол. В сабота во необичен пладневен термин, Барселона игра со Динамо Минск во Лигата на шампионите, каде исто како и во шампионатот е на првото место и исто така без пораз.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share