hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Од Зарагоза, Барса се враќа со нова демонстрација на сила

barca17112013

Арагон - Барселона 19:30 (10:14)

Само неколку дена по ладниот Минск и европската победа со одлично второ полувреме, Барса на Кирил Лазаров гостуваше во Зарагоза, каде често во минатото знаела да има и многу проблеми за да стигне до бодовите. Во прекрасен амбиент, Паломарес го отвори резултатот, пред Рутенка од чекор од позиција на среден бек да израмни на 1:1. Страновски со гол од неговата крилна позиција, најави меч богат со голови (1:2)

Но расположен беше и Андрес Инестроса Паломарес и со уште два гола го донесе Арагон до водство од 3:2, пред Лазаров во свој стил да го реализира третиот напад на каталонците. Робусниот Рикој со два гола од линијата во 9 минута за прв пат го доведува Арагон во водство од +2. На асистенција на Лазаров, капитенот Виктор Томас од крилна позиција намалува на 6:5, по една третина од полувремето. Домашниот голман Хорхе Гомез Лите му одбрани зицер во контра на Раул Ентрериос и седмерец на Рутенка, но и Штербик полека влегуваше во ритам. Но ракометарите на Барса пречесто грешеа во првата половина од полувремето и во 17 минута при 7:6, Хавиер Пасквал побара минута одмор. Нодесбо и Карабатиќ фатија приклучок за 8:8 на почетокот од 20 минута од мечот. Некогашниот ракометар на Барса, ветеранот Лозано погоди од 7 метри, пред Нодесбо од линијата да израмни на 9:9. Фаворитот за момент го „скрши„ отпорот на Арагон и Страновски и Гурбиндо во 23 минута носат 9:11. Кога и Сармиенто погоди по транзиција, серијата на Барса се зголеми на 5:1 по тајм-аутот. Иако не го одиграа најдобро, сепак гостите првото полувреме го добија со 10:14, по голот на Гурбиндо од контра во последните секунди.

Во првите два напади од вториот дел Карабатиќ и Нодесбо реализираа, па и Воран Морос по контранапад и веќе Барса беше недостижна (10:17) Хуан Басмалис Гомез под фаул, намали на 11:17 и го постигна првиот гол по 7 минути за Арагон. Се разигра Карабатиќ со уште два гола, Саубич погоди од контранапад од позиција на десно крило и во 37 минута веќе беше 11:20. Рикој и Редондо за момент го прекинаа одличниот момент на каталонците, на чиј што гол застана Даниел Шариќ. Во знакот на Карабатиќ и неговата беспрекорна физичка сила и квалитет, мина централната фаза од вториот дел. Тој даде уште два гола, вкупно пет во вториот дел и не реализира седмерец за 14:23 по 45 минути игра. Рикој и Лауерта спуштија до -7, но и нововлезениот Аитор Арињо Бенгоечеа од првиот напад погоди за 16:24. Лазаров погоди по втор пат, па Рутенка само што се врати во игра го постигна 25 гол за шампионот, за високи 9 разлика. Сорондо погоди за 17:26 во 54 минута. Шариќ собра многу брзо 5,6 одбрани, а Раул Ентрериос за прв пат донесе двоцифрена предност на 4 минути до крајот (17:27) Така рутински мечот беше приведен кон крај со головите на Сорондо за финални 11 разлика за гостите.
Иако не играа со целиот свој потенцијал, шампионите на Шпанија лесно прокнижија нови бодови и зад себе оставија уште една перфектна недела. Карабатиќ со 6 постигнати гола беше најефикасен во победничката екипа, 5 додаде Страновски, а 10 одбрани имаше Штербик во првото, плус 6 Шариќ во второто полувреме. Лазаров со 2 гола и 3 асистенции се вклопи во перфектната каталонска машина. Рикој и Паломарес со по 4 гола можат да добијат преодна оценка кај Арагон. Во вторник против Ваљадолид во „Палау Блауграна„ нов тест за неприкосновениот лидер во ASOBAL лигата.

Комплетниот извештај од натптреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share