hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Моќно второ полувреме на Лазаров и Барселона

Barcelona-s-head-coach-Xavi-

Динамо Минск - Барселона 25:35 (15:16)

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон освојување на првото место во групата Ц на Лигата на шампионите со победата во „Минск арената„ во Белорусија пред 15.320 гледачи (рекорд на сезоната) против Динамо Минск. Дека е многу тешко против Барса да се игра во исто темпо 60 минути, покажа најдобро второто полувреме на овој меч, во кое каталонците го скршија отпорот на домаќините и дојдоа дури и до убедлива победа од 10 разлика.

Мечот започна со класична игра гол за гол, во која Динамо дури и добро се носеше со фаворитот. Браќата Рутенка ги постигнаа првите голови за своите екипи, а со фестивал на 16 гола во првите 11 минути, двете екипи најавија каков тек ќе има натпреварот. Арпад Штербик се врати во стројот по неиграњето со Фригофикос Моразо, а Пасквал како и секогаш максимално го користеше целиот свој арсенал во ростерот. Џаинис Рутенка и екс ракометарот на Барселона, Микел Агирезабалага почнаа во силен ритам и белорусите почнаа со егал игра со фаворитот (4:4) Нападот на двете екипи беше видливо подобар од одбраните и бројот на интервенции на голманите беше минимален. На голот на Нинчевиќ, одговори Нодесбо за 6:6 во 13 минута. Сергеј Рутенка во свој стил погоди два пати во централната фаза на полувремето, но по дури 9 израмнувања, Динамо се одлепи на 14:12 со головите на Бабичев и Џаинис Рутенка и во 24 минута, Пасквал побара тајм-аут. Барса брзо ги среди своите редови и со Кирил Лазаров во главна улога, но и капитенот Томас, направи серија од 3:0 и до одморот дојде до минималец (15:16).

На почетокот на второто полувреме беше решен победникот во мечот. Со серија од 6:0, екипата на Барселона побегна во резултатот, го зацрврсти моралот и со „камена„ одбрана го дистанцираше белорускиот првак. Штербик се разбрани, фати 5 топки во раната фаза и Динамо Минска остана скоро 8 минути без гол. Тоа го искористија извонредните инвидуалци на гостите Лазаров и С. Рутенка и донесоа максимални 15:22 во 38 минута. Борис Дениќ побара минута одмор, а дури по неа хрватскиот интернационец Нинчевиќ го прекина постот од скоро 10 минути без гол од крајот на првото и почетокот на второто полувреме.

Со така акумулирана предност, искусна екипа како Барселона само ја одржуваше и зголемуваше предноста. И Карабатиќ се приклучи кон спектаклот на првакот на Шпанија и со уште два гола во 43 минута носи 21:28. Српскиот ветеран Димитрије Пејановиќ во 44 минута застана на голот на местото на Богданов, но без никакви шанси да ја сопре машинеријата на Пасквал. И највозрасниот кај гостите Хуанин Гарсија со врзани голови од крилна позиција, се придодаде на групата на стрелци и со 24:31 се влезе во последните 8 минути од мечот. На Бабичев му помогна Шелменко со неколку гола на одлучен натпревар, но Динамо Минска не можеше ни до чесен пораз. Лазаров од седум метри и капитенот Томас ја завршија работата за високи 25:35 за Барселона. Со вонсериско второ полувреме, тимот на нашиот интернационалец ја наметна кандидатурата за највисоките дострели, кои почнуваат со скоро сигурно обезбеденото прво место во групата. Во победничката екипа најефикасен беше Сергеј Рутенка со 8 гола, Лазаров постигна 7 и ја потврди одличната форма, блескаше и Штербик на голот, посебно кога најмногу требаше. Кај Динамо Минск, Бабичев со 6 и Нинчевиќ со 5 гола заслужија преодна оценка, иако недоволното искуство во клучната фаза си го направи своето. Така Барселона директно му направи услуга на двата македонски тима во Лигата на шампионите и ги зацврсти високите амбиции во сезоната.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share