hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса пристигна во Белорусија

2013-10-12 FCBvsMETALURG VIC 3377.v1381594286
По неколку часовен лет, ракометарите на Барселона пристигнаа во белорускиот Минск, каде утре ќе го одиграат мечот од петтото коло на Лигата на шампионите против домашниот Динамо.
 
Со оглед на временската разлика од два часа, мечот ќе се игра од 17 часот, а интересот на гостувањето на каталонците е огромен во Белорусија. Арпад Штербик се опорави и откако го пропушти мечот со Фригофикос Моразо, пак ќе биде во стројот. Мечот е многу важен за двете екипи, а директно влијае на исходот во Ц групата. Во истата група во вечерниот термин утре играат македонските претставници Металург и Вардар, на кои исто така му е од голем значај Барселона да слави во Минск. Лазаров и другарите денес ќе тренираат во Минск, каде наидоа на ладно време, но и на многу пријатели од спротивниот табор.   
 
Share