hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Репрезентативците веќе се во Струмица

kire01112013

Репрезентативците на Македонија синоќа нешто пред 22 часот пристигнаа во Струмица во хотелот „Сириус„ каде во сабота во 17.30 часот ќе одиграат пријателски натпревар со ракометната репрезентација на Црна Гора. Во хотелот релаксирано ги пречекаа репрезентативците на Црна Гора.

На повреда (стомачен ѕид) се жали играчот на Вардар, Филип Лазаров. Тој ги пропушти тренинзите и неизвесен е за дуелите со Црна Гора. Повреди имаат пивотмените Ванчо Димовски и Велко Маркоски, кои за жал нема да играат.

Селекторот на црногорската ракометна репрезентација, доскорашниот тренер на Вардар, Зоран Кастратовиќ за пријателскиот натпревар со Македонија ги повика: Раде Мијатовиќ, Марко Рајковиќ, Небојша Симиќ, Игор Марковиќ, Милан Поповиќ, Мирко Радовиќ, Милош Вујовиќ, Марко Ласица, Игор Радојевиќ, Младен Ракчевиќ, Стеван Вујовиќ, Богдан Петричевиќ, Вуко Борозан, Жарко Пејовиќ, Мирко Милашевич, Иван Прешиќ, Владан Липовина, Немања Маловиќ, Немања Грбовиќ, Божо Анџелиќ, Васко Шевалјевиќ.

Share