hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

По седум години, репрезентацијата ќе игра во Струмица

makedonija-crna-gora-najava1

Македонската машка ракометна репрезентација последниот меч во Струмица го одигра пред околу 7 години. На трети јануари 2007 година машката ракометна репрезентација на Македонија беше домаќин на Луксембург во Струмица. Тоа беше дуел од квалификациите за пласман во баражот за Европското првенство 2008 против тимот на Луксембург.

Овој меч тогаш го добивме со висока гол разлика ,со краен резултат 35:25. Најдобри стрелци беа Алушовски со 8 гола и капитенот Кире Лазаров со 7 погодоци, но најзаслужен за победата беше голманот Ристовски со неверојатни 21 одбранети удари. Овој период Струмица е домаќин на женската фудбалска репрезентација, во септември тука беа младите фубалерки, ја пречекавме и фудбалската репрезентација до 19 години. Летово овде се одржуваше европското првенство на младите кошаркари.

mak-luks-2007

Струмица е град на спортот, редовно е центар на случувањата во спортско поле, како во клубските натпреварувања така и во репрезентативните. Струмица е постојан домаќин на одбојкарските репрезентации на Македонија, речиси постојан на женскиот фудбал, а исто така и на машкиот репрезентативен фудбал и на кошарката, но ракометната репрезентација изостанува веќе 7 години. Со подемот на ракометот во Струмица и по добрите две сезони на РК Струмица Зомимак-М како во Македонската лига така и во Европа, Струмица заслужено е домаќин на сениорската машка ракометна репрезентација. Во сабота во спортската сала Парк и кадетите и сениорите ќе бидат домаќини на кадетските и сениорските репрезентации на Црна Гора.

Share