hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ХАНДБАЛ МАГАЗИН: Скриената престолнина на ракометна Европа

kire diburov

Германското специјализирано списание „Хандбал магазин" во последното издание, во 10.000 копии, објави портрет на Македонија и на македонскиот ракомет на четири страници и тоа под наслов „Скриената ракометна престолнина на Европа"

Авторот очигледно добро е информиран не само за нашиот ракомет туку воопшто за Македонија, па почнува погодувајќи чувствително место, со патриотизмот, со Александар Македонски со безрезервната љубов кон спортот на Македонците и покрај тешкотиите низ кои плови земјата, главно предизвикани од лошите односи со јужниот сосед„Нетрпеливоста кон Грците, борбата против наставката ФИР и фанатичната љубов кон спортските клубови се заеднички за два милиона Македонци" пишува во „Хандбал магазин" Го именува Скопје како ракометна престолнина на Европа затоа што има три екипи во ЛШ и затоа што сите тие играат извонредно и се пријатно изненадување за континентов. Авторот накратко опишува како Вардар долги години беше суверен во домашната конкуренција, но со доаѓањето на „малиот командант", Лино Червар, се роди една нова градска традиција „Ова е сензационална ситуација за целиот македонски ракомет. Ние сме спортот број еден во оваа земја, затоа што ваква еуфорија овде никогаш немало", ги пренесува списанието зборовите на Червар. Не испушта да ја спомене и новата ера во Вардар која срамежливо почна минатата сезона, а годинава одекна гласно и во машката и во женската елитна конкуренција „Женскиот ракомет овде има голема традиција. Ние сега почнуваме да се израмнуваме со успехот на мажите и знам дека ќе ги воодушевиме гледачите", изјавува Андреа Лекиќ, лидерот во составот на ЖРК Вардар СЦБТ.

handbal mapa

Овој спорт не би бил ист во Македонија без Кире Лазаров во него, а „Хандбол магазин" го издвои правејќи му посебна чест „Кирил Лазаров е Александар Велики во македонскиот ракомет. Човекот со број седум е херој и пример за народот во оваа земја. Леворакиот бек никогаш не играл во двата гиганта, Вардар и Металург, туку почна од Пелистер", стои во магазинот, пред да биде опишано неговото професионално патешествие. Овој извонреден новинарски производ покажува дека ракометот не само што ги полни салите во Македонија туку ги привлекува и странските објективи. Посакуваме овој пораст и еуфоријата што сите ја споменуваат и понатаму да траат и да носат големи спортски радости.

Share