hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Обрван: „Шанса ќе добијат сите ракометари„

kire obvran

Од понеделникот македонската ракометна репрезентација повторно е заедно, овој пат во ЕХФ неделата, која ќе кулминира со двата меча во Струмица против Црна Гора на Зоран Кастратовиќ. Селектор Ивица Обрван обелодени дена ќе им даде шанса на сите повикани ракометари и дека ваквите собири се само добредојдени во напорната сезона на професионалците во своите клубови.

„По четири месеци повторно сум заедно со играчите. Собирот е добредојден малку играчите да се „одморат" од клупските обврски. Во овие седум денови ќе работиме на тактички и технички план. Натпреварите со Црна Гора ќе ни послужат како подготовка за тоа што не очекува во декември пред „вистинските" подготовки за Европското првенство во Данска. Притоа натпреварите во Струмица ќе ги искористам за воигрување на варијанти и шанса ќе добијат сите играчи. Како би ја провериле нивната форма, така и имаме разбирање и за нивните клубови„ заврши Обрван.

Репрезентацијата до четврток ќе тренира во Скопје, а истиот ден во вечерните часови се сели во хотел „Сириус„ во Струмица, каде ќе остане три дена за време на мечевите со Црна Гора.

Share