hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова лесна победа и во топ-форма пат за Париз

2013-10-12 FCBvsMETALURG VIC 3390-Optimized.v1381594575
 
Барселона - Хелветиа Анаитасума 34:23 (16:10)
 
Во солиден амбиент во „Палау Блауграна„ фаворитот Барселона подобро го отвори мечот и преку Сармиенто и Карабатиќ два пати поведе. И покрај огромната желба на гостите од Баскија, домашната екипа преку Саубич, Карабатиќ и Нодесбо во 7 минута дојде до 6:2.
Спорадичните акции на Хелветиа Анаитасума носеа повремени реметења на ритамот на фаворитот. Така Молинс и Реиг Гулен погодуваа за гостите. Мотивираниот Карабатиќ со два гола низ одбраната на Хелветиа во 10 минута ја донесе највисоката предност од 9:3. Во централната фаза од првиот дел, Хелветиа поврза два гола и преку Ечевесте и Маркос намали на 10:5. Ернесто Гурбиндо го почна мечот на позиција на десен бек и во 20 и 22 минута постигна два гола за 13:6 за каталонците. Легаса од позиција на кружен напаѓач и Чокаро Гораиз од контранапад во 25 минута го спуштаат водството на фаворитот на подносливи 6 гола (14:8). По тајм-аутот на Пасквал, во самата завршница на првиот дел, два гола од контра за домашната екипа преку Сорондо и Аитор Арињо за високи 16:8 во 28 минута. Но во последните 90 секунди од првото полувреме, Гораиз од седмерец и Кристијан Буидаин од позиција на десен бек, ја годат мрежата на Штербик за 16:10 на полувреме.   
 
Вториот дел екипата на Барселона го почна во истиот стил како и првото. Лесни голови по брза транзиција на Арињо и Нодесбо и во 33 минута резултатот гласеше 19:12. Шариќ застана на голот на домашната екипа, а данецот Јаспер Нодесбо со нов гол, по втор пат во мечот ја зголеми предноста на +8 за црвено-сините. Лазаров влезе во игра на почетокот на вториот дел и по неговото додавање, Арињо со третиот гол за прв пат предноста ја зголеми на 9 разлика (24:15). Со уште два гола во серија, македонскиот интернационалец продолжи онаму каде што застана против Металург во саботата. Арањас со два гола од крилна позиција во 43 минута намали на 24:17. По серија од четири гола на ракометарите на Хелветиа Анаитасума, Карабатиќ подготви зицер за Нодесбо и со уште еден гол на данецот, Барселона пак се врати во ритам (26:19). Словачкиот интернационалец Мартин Страновски со гол од бековска позиција, практично го одлучи прашањето на победникот, кога во 50 минута погоди за 28:20. И Лазаров се приклучи кон шоуто и на 6 минути до крајот погоди уште два пати и предноста на Барселона стана двоцифрена (30:20). Моќно и физички доминантно, Барселона го заврши мечот со нова серија на голови. Седрик Сорондо од контра во 58 минута, погоди за 33:21. И во седмиот натпревар во ASOBAL лигата, Барселона забележа лесна победа, овој пат со 34:23 и го најави гостувањето кај ПСЖ во Лигата на шампионите, во максимумот на својата форма оваа есен. Во екипата на Барселона најефикасни беа Карабатиќ и Нодесбо со по 7 гола, Лазаров додаде уште 4, а Данијел Шариќ имаше 12 интервенции. Икер Антонио Маркос со 5 гола, се издвои како единствена светла точка во поразената баскиска екипа. 
 
 
You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video
 
Share