hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Инфарктно реми на Вардар и Барса во Скопје

barsa vo skopje golema

Вардар - Барселона 29:29 (15:19)

Европското деби на Барселона на Кирил Лазаров започна со громогласен аплауз за 77 на Барса, од сите присутни во СЦ „Борис Трајковски„ во Скопје. Мечот почна фуриозно со голот од контра на Брумен и одговорот на Раул Ентрериос по брзиот центар на Барса (1:1). Во четвртата минута Кирил Лазаров од првиот обид го измами Милиќ за 2:2.

По две интервенции на српскиот голман на Вардар, Растворцев и Абутовиќ постигнуваат лесни голови за прво водство на Вардар од два разлика (4:2). Дури и изненадувачки со играч помалку по исклучувањето на Абутовиќ, црвено-црните со две инвидуални мајстории на Игор Карачиќ доаѓаат до 6:3 во 8 минута. На крилата на Страхиња Милиќ, рускиот ас Тимур Дибиров од контранапад годи за 7:3 и тајм-аут на Хавиер Пасквал. По четири напади без гол, Рутенка од седмерец ја прекинува црната серија на каталонците. Гостите брзо се консолидираа и Хуанин Гарсија со лесен гол по контра, спушта на -2. Играта на Вардар беше во многу нешта зависна од одбраната и инвенциите на Карачиќ, но на додавање на Рутенка, капитенот Виктор Томас намали на 8:7 во 13 минута. Со соло акција, Лазаров го постигна вториот, а Рутенка четвртиот гол за израмнување и тајм-аут за Зоран Кастратовиќ (10:10). Дури во 18 минута со голот на ветеранот Хуанин Гарсија, гостите поведоа со 10:11. Серијата на Барселона од 5:1 продолжи со голот на Кирил Лазаров за гостински +2. Домашниот стручен штаб го внесе Малумбрес на голот, но по нова техничка грешка, Гарсија зголеми на 10:13. Откако најнапред Малумбрес му одбрани седмерец, белорусинот Рутенка со својот петти гол во 23 минута погоди за 11:14. Финишот на првиот дел им припадна на скопјани, кои најнапред намалија преку Дибиров, па со човек помалку и Тоскиќ од линијата ја годи целта за 13.14. Но Барса повторно има решение и Арињо и Карабатиќ од контранапад го враќаат спокојот за 13:16. Големиот број ресурси на шпанскиот првак ја зголемија дистанцата во последните две минути. Штербик рефлексно одбрани, а Рутенка со седмиот гол (постигнат од седмерец) носи највисоки 14:18. Русинот Дибиров возврати со реализиран седмерец и изнуди исклучување на Виран Морос (15:18). Со звукот на сирената Јоан Саубич од крилна позиција погодува за 15:19 на полувреме и водство со 9 различни стрелци на гостите.

На стартот на вториот дел Штербик пак со нога интервенираше, за Карабатиќ од контра од гол до гол, да донесе највисоки +5 за фаворитот. Но Малумбрес му одбрани два зицери на Томас, а словенецот Брумен со два брзи гола спушти на 19:22. Свои минути имаше и Алекс Душебаев и по неговите два гола, Вардар имаше седмерец за -1, но Штербик го одбрани ударот на Дибиров. Но веќе во следниот напад руското крило, скоро го комплетираше враќањето на Вардар за 21:22 по 10 минути во вториот дел. Кога Тоскиќ погоди во 42 минута, Вардар стигна до егал и психолошка предност на 18 минути до крајот (23:23). Но во наредниот напад Душебаев заработи исклучување, а Сармиенто како 11 играч на Барса меѓу стрелците, го врати каталонското водство. 38 годишниот шпански голман на Вардар, Ињаки Малумбрес чудесно му одбрани два зицери на Томас и Вардар дури и имаше напад за водство. Алекс Душебаев со четвртиот гол, за прв пат му донесе предност на црвено-црните во вториот дел (25:24). Но Карабатиќ од многу тешка позиција со својот трет гол израмнува на 25:25 во 48 минута. Вардар како да играше во транс и Дибиров со седмиот гол ја подигна публика на нозе (26:25). Кирил Лазаров со својот четврт гол ја прекина серијата на Малумбрес и со нерешен резултат се влезе во последните 10 минути. Најдобриот стрелец во мечот Рутенка со малку среќа низ нозете на домашниот голман, ја враќа предноста на каталонците (27:28). Милиќ се врати на голот да му го одбрани седмерецот на Рутенка и го остави Вардар во живот. Српскиот пивотмен Ален Тоскиќ на 2:40 до крајот го врати водството за домашната екипа и ги подгреа надежите за чудо. Дури и Дибиров промаши зицер за победа, па Карабатиќ со четвртиот гол израмни на 29:29. Зоран Карабатиќ побара тајм аут на 26 секунди до крајот да го подготви последниот напад. Арпад Штербик го потврди реномето на најдобар светски голман и го одбрани последниот шут на Карачиќ од тешка позиција и Вардар пропушти можност да ја победи големата Барселона на стартот од Лигата на шампионите.

Во екипата на Барселона Рутенка постигна 9 гола, по 4 додадоа Лазаров, Карабатиќ и Гарсија, а најпозитивен беше фактот што 11 ракометари се запишаа меѓу стрелците. Штербик собра 15 интервенции, меѓу нив и еден седмерец. Кај Вардар Дибиров беше стрелец на 8 гола, рамо до рамо со него беше и Карачиќ со 7, а Малумбрес и Милиќ заедно собраа 14 одбрани. По старниот инфарктен меч во Македонија, Барселона ја очекуваат два домашни меча наредната недела, со Адемар Леон во ASOBAL лигата и со Тун во Лигата на шампионите.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share