hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО+ВИДЕО: Луда заинтересираност за Барса и Лазаров во Скопје

kire skopje

Пристигнувањето на големата Барселона во нашиот главен град со право крева голема прашина. Веројатно во нашиот главен град гостувале поскапи состави на хартија, но се чини дека поспектакуларен тим никогаш не бил наш гостин. Капитенот на националната репрезентација, Кирил Лазаров беше магнет и за седмата сила и за ракометните „фанови„ Неговите мотиви сигурно нема да недостигаат утре во СЦ „Борис Трајковски„

„Убаво е чувството да дојдам во Скопје, и тоа токму на стартот од оваа сезона во Лигата на шампионите. Можам да кажам дека очекувам квалитетна ракометна претстава, бидејќи и тимот на Вардар осетно се засили во изминатиот период. Ние гледаме со голем респект на Вардар, впрочем како и на секој противник и ќе дадеме се од себе за да стигнеме до планираните три бода. Тоа е сигурно трофеј што го посакувам, но се уште е многу рано за да се говори за такво нешто бидејќи има уште многу квалитетни тимови во ЛШ. За нас е најважно да работиме, да напредуваме, а во моментов приоритет ни е да со победа да ја стартуваме сезоната во Лигата на шампионите" истакна пред хотелот Александар Палас, Кирил Лазаров.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share