Со еден одговор гледајте ги во живо асовите на Барса во Скопје
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров доделува 10 билети за мечот од 1 коло од Б групата на Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Барселона, в сабота на 21.09.2013 година во 18:15 часот. Со одговор на едно прашање, пет најбрзи љубители на ракометот ќе добијат по два билети за следење на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски„ во Скопје.
Кога и против кого Кирил Лазаров играл против македонска екипа во Лигата на шампионите?
Одговорот на прашањето лесно можете да го пронајдете на официјалната страна на Кирил Лазаров - www.lazarovkiril7.com
Вашите одговори испратете ги на следната е-mail адреса : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Имињата на среќните добитници ќе бидат објавени во петок на 20.09.2013 година.