EHF ги делегираше судиите од првото коло на групната фаза на Лигата на шампионите. Така долго најавуваниот натпревар на Вардар со Барселона наредната сабота на 21 септември во 18:15 часот ќе го водат судии од Чешка.
Имено Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни се делегирани за овој меч. Делегат ќе биде Петер Хансон од Шведска. Делегацијата на Барселона доаѓа во македонскиот главен град в петок со чартер лет, а веднаш по мечот в сабота навечер се враќа за Каталонија.