hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ракометарите на Барса ќе ги претстават трофеите на „Ноу Камп„

kire vest 11 09 2013

Подобро не можеше да почне сезоната на ракометната секција на големата Барселона. Шест официјални натпревари и исто толку победи и она што е најважно два освоени трофеи: IHF Суперглоб во Доха и ASOBAL Суперкупот во Ваљадолид.

Како што е обичај со целото спортско друштво Барселона, двата трофеи, ракометарите на Пасквал меѓу нив и Кирил Лазаров, ќе ги покажат пред големиот аудиториум на исполнетиот „Ноу Камп„ в сабота пред мечот од 4 - коло на Шпанската Ла Лига меѓу Барселона и Севиља. Најнапред каталонците треба да ја завршат својата задача на мечот од 1 коло на ASOBAL лигата со Сиудад Енкантада, а потоа да стегаат палци за своите колеги од фудбалската екипа.

Share