ФОТО: Лазаров со две светски круни со две различни екипи
Мундијалот за клубови како да стана специјалност на најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров. Финалето против Хамбург беше четврто финале во ова натпреварување за капитенот на националната репрезентација. Со Ал Саад и Реновалиа Сиудад Реал ги загуби финалните мечеви со Реновалиа Сиудад Реал и Кил.
По два порази, следеа победи во завршните натпревари во дресот на шпанските гиганти. Најнапред како член на Атлетико Мадрид ја освои првата светска круна против европскиот првак Кил, а денес се радува на потврда на трофејот во дресот на Барса против Хамбург. Таков подвиг во кариерата имаат и Карабатиќ, Штербик и Виран Морос. Ако некој го знае рецептот за германските екипи во својата кариера, тогаш тоа е токму Лазаров. До август 2014 година, трофејот ќе го краси домот на Лазаров, а за наредното учество подобро би било квалификацијата да дојде како европски првак, одколку како бранител на светската титула.