hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победа и полуфинале во Доха за Барселона

karabatic 26 08 2013

Таубате - Барселона 18:32 (9:15)

Со лесната победа над бразилскиот и јужноамерикански првак Таубате, европскиот вицешампион, Барселона го обезбеди полуфиналето на мундијалот за клубови во Доха. На сличен начин како вчера со Ал Рајан, каталонската „машина„ во вториот дел ги разреши дилемите околу победникот и со високи +14 го збришаа тимот на Таубате.

Младиот Ајтор Арињо го постигна првиот гол на мечот за Барса, но Таубате преку Сантос и Андраде брзо реагираше за водство од 4:2. Со два гола македонецот Кирил Лазаров и капитенот Виктор Томас во 6 минута го враќаат европскиот тим во водство (4:5). Од тој момент каталонците и на овој меч облечени во црвено-жолто, не ја испуштија предноста. Французите Сорондо со два гола од линијата и Карабатиќ низ зоната, зголемија на 7:11 во 21 минута. Се разбрани Даниел Шариќ и со четири интервенции во финишот на полувремето, му овозможи на соиграчите да ја „напумпаат„ предноста. Два пати Сармиенто со влез низ одбраната на Таубате и еднаш Сорондо со неговата беспрекорна физичка сила, погодија за 9:15 на полувреме. Слично како со Ал Рајан, избраниците на Пасквал, започнаа бавно, но полека го фатија ритамот и го „сомлеа„ противникот.

На почетокот на второто полувреме, цели 7 минути или 9 напади по ред, бразилскиот тим не успеваше да го совлада Штербик и Барса со нова мини-серија од 5:0, дојде до двоцифрена предност. Два пати Сорондо (од контранапади), по еднаш Саубич, Сармиенто и Страновски донесоа 9:20. Погоди и Лазаров од седмерец за 12 голови разлика меѓу тимовите. Од тој момент како на секој втор гол на европјаните, Таубате да возвраќаше со свој еден. Со такво темпо исходот беше познат. Диего Лаго и Андре Рибеиро само стихијно го реметеа ритамот на шпанскиот првак. Брзиот Саубич и сеуште мотивираниот Хуанин Гарсија до крајот постигнаа серија на голови за финални 18:32 за екипата на Барселона. Втора победа и обезбедено полуфинале во пресрет на утрешниот последен меч во Б групата со Етуал Спортив де Сахел. Кај Барса Лазаров постигна 4 гола и имаше 1 асистенција. Најефикасен беше Сорондо со 7 гола, а по 4 постигнаа Виктор Томас и Хуанин Гарсија. Голманите Штербик и Шариќ собраа 9 односно 12 интервенции. Кај Таубате, Андре Рибеиро со 5 гола од 12 обиди беше единствена светла точка. Утре од 13 часот, трет меч во групната фаза, по кој ќе се знае и со кого Лазаров и другарите ќе играат во полуфиналето.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share