hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Легендарниот Бора Милутиновиќ се дружеше со ракометарите

kire i bora

Еден од легендарните ликови на светскиот фудбал, србинот Бора Милутиновиќ денес работи како советник во катараската фудбалска федерација. Го искористи IHF Супер глоб турнирот да ги следи ракометните возбудувања и да се дружи во ракометарите од бившите југословенски простори.

 Така Милутиновиќ остави силен впечаток и кај нашиот Кирил Лазаров, кој имаше можност да разговара и да размени мислења со легендарниот фудбалски глобтротер. 68 годишниот стручњак (некогаш голем фудбалер) се прослави водејќи различни клубови или репрезентации ширум светот. Тренерската кариера ја почна во мексичката екипа УНАМ и во националната селекција на Мексико. Го водеше италијанскиот Удинезе, мексичките Веракруз и Текос, беше селектор на Костарика, па ги превзеде САД и пак се врати на клупата на Мексико.

На мундијалот во Франција 1998 година ја предводеше до втората фаза Нигерија. По краткото искуство во американскиот Метростарс, пак му се враќа на репрезентативниот фудбал и ја одведе Кина на Светското првенство во 2002 година. Подоцна беше селектор на Хондурас, Јамајка и Ирак, а го водеше и Ал Саад. Во историјата ќе остане запаметен како единствен селектор кој водеше пет различни репрезентации на завршен турнир на светско првенство - неповторливиот Велибор Бора Милутиновиќ.

Share