Барса ги очекува ривалите во групата во Доха
В сабота од 18:15 часот во Сараево, каде се одржува младинскиот шампионат на светот, ќе бидат извлечени двојките за овогодинешниот IHF Суперглоб кој ќе се одржи во Доха од 25 до 30 август. Како и што се очекуваше Барселона на Кирил Лазаров е носител во ждрепката и не може да се соочи со Хамбург кој е носител во другата група.
Најдобрите две селекции од секоја група ќе го обезбедат полуфиналето. Лазаров минатата година го освои ова натпреварување со Атлетико Мадрид, а има и две финалиња со Ал Саад и Реновалиа Сиудад Реал.
1 шешир: Барселона, Хамбург
2 шешир: Ал Саад, Етуал Спортив де Салах
3 шешир: Ал Џаиш, Ал Рајан
4 шешир: Табауте, Сиднеј Универзитет