hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победа за Македонија на стартот од Медитеранските игри

filip lazarov 1

Медитерански игри - Мерсин (Турција) 2013 година

Македонија - Алжир 27:26 (13:11)

Продолжуваат позитивните вибрации за македонскит машки ракомет. Ракометна репрезентација со подмладен и изменет тим успешно го стартуваше својот настап на Медитеранските Игри, откако во својот премиерен натпревар во групата славеше над селекцијата на Алжир со минимални 27:26. Иако триумфот на избраниците на Бошковски и Брестовац (Обрван денес пристигна во Мерсин, но не ја водеше екипата) е изразен само со еден гол разлика, мора да се напомене дека нашите ракометари во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот и нивната победа е апсолутно заслужена „Црвено-жолтите" стигнаа до почетно водство со голот на Стоилов, следеше израмнување на противникот, за во продолжението од средбата Македонија да биде селекцијата што ќе ја има позитивата.

Водството на нашиот тим постојано беше присутно, па на одмор се отиде со +2. Филип Лазаров ја превзеде лидерската улога и со 5 гола и 4 асистенции ја поведе нашата селекција до поосетливо водство. Со серија од 5:0, Македонија се одлепи и од 14:14 дојде до недостижни 19:14. Бериа и Бултиф ја предводеа реакцијата на Алжир до 21:19. Но беше предоцна и Македонија забележа важна победа за пласман во наредниот круг. Стојанче Стоилов со седум погодоци беше најпрецизен во македонскиот табор, додека еден гол помалку од него постигна Гоце Ојлевски, а споменавме Филип Лазаров додаде 5 гола. Кај поразениот Алжир, најдобар поединец беше Бултиф со седум гола, сите во првото полувреме.

Комлетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share