hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Хернинг е новиот дом на „Фалангата„

MCH Arena

На 204 дена до стартот на европското првенство во Данска, познат е новиот прв дома на македонската навивачка армија „Фалангата„ Хернинг е мал град во Данска во западниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на покраината Средна Данска, каде со околните населени места ја сочинуваат општината Хернинг.

Денес овој град има 46.873 жители во градот и околу 86.000 во поширокото градско подрачје. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 310 километри северозападно. Градското подрачје на Хернинг е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 40 до 55 метри. Климата во Хернинг е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја. Овој град се формирал во внатрешноста на Данска и исто така нема излез на река, а во околината на градот има многу мали езерца, кои денес најмногу се користат во турустички цели. Мечевите нашата селекција ќе ги игра во „МЦХ Арена„ која е со капацитет од 14 000 места.

Share