hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Барселона е повеќе од клуб„

kire press barca golema fr

Првите зборови на Кирил Лазаров како ракометар на Барселона беа полни со респект и задоволство од преминот во најголемиот клуб во светот. На шпански јазик тој одговараше на домашните новинари, кои се интересираа како дојде до соработката и изборот падна токму на Барселона.

„Пред да дојдам тука тренерот ми говореше што значи Барселона. Од мојот прв ден тука сватив што значи Барселона, таа е повеќе од клуб. Штом ја добив понудата на Барселона немав дилеми дека тоа е вистинската понуда и веднаш ја прифатив. Бројот 77 го одбрав заради тоа што тој број заедно со бројот 7 е мојот број во целата кариера„ Кире не го заборави и неговиот бивш клуб и полн со комплименти говореше за него: „Атлетико имаше и ќе има многу добра екипа. Потпиша со многу добри, млади и квалитетни играчи. Убеден сум дека ќе бидат компетитивни. Ако Барселона сака да биде првак ќе мора напорно да работи, ден по ден, за да го совлада Атлетико Мадрид. Разлика во квалитет постои, но Атлетико Мадрид е многу квалитетна екипа и ќе треба да се намачиме да ги совладаме„ рече македонецот.

Македонските новинари ги претставуваше Игор Филевски кој разговараше со Лазаров на македонски јазик на официјалната прес-конференција

„Ако до сега имав желба, страст за тренинг и натпревари, сега ќе имам уште повеќе. Но желбите се едно, а реалноста друго. Мора напорно да се работи, а со напорна работа убеден сум дека ќе ги оставарам моите соништа во овој голем клуб„ заврши со своето официјално обраќање Лазаров.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share