hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО + ВИДЕО: Лазаров позираше во дресот на Барселона со број 77

kire dres 77 golema fr

Според најавите денес на пладне во конференциската сала во „Палау Блауграна„ во Барселона, најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров прв пат позираше во дресот на Барселона со бројот 77.

Неполни две недели од официјализацијата на трансферот од конкурентниот Атлетико Мадрид, леворакиот бомбардер за прв пат говореше за шпанските медиуми. Голем беше интересот на домашната ракометна јавност за второто засилување во летниот преоден рок по Никола Карабатиќ. Во друштво на тренерот и менаџерот на екипата Хавиер Пасквал и спортскиот директор за секцијата ракомет, футсал и хокеј О Калахан, нашиот Лазаров неполн час ќе одговара на прашања на седмата сила. По промоцијата во неговиот нов клуб, Лазаров и денешниот ден ќе го мине во Барселона со запознавање на проектот, новиот дом, а од утре пак е во Македонија и започнува неговиот летен одмор. Стартот на подготовките за сезоната 2013/14 Лазаров и другарите ќе го имаат на 5 август.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share