hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Ако до сега сум имал страст и посветеност, сега ќе имам уште повеќе„

kire 19 06 2013

Oд денес Кирил Лазаров е во Барселона, каде утре на пладне ќе биде официјално претставен пред шпанската јавност како нов член на шпанскиот првак и второ ново име по Никола Карабатиќ. Лазаров во пресрет на промоцијата имаше само позитивни зборови за неговиот нов предизвик:

„ Барселона беше моја голема желба уште кога бев мал и еве ја достигнувам таа желба. Мислам дека тоа е чекор напред, мислам дека напредувам. Што се однесува до тимот ќе имаме респектабилен тим и се надевам дека она што го посакувам веќе подолго време во наредните две години ќе ми се оствари. Во Барселона секогаш целите се високи, па така со тимот кој што ќе го имаме ќе претендираме за највисоки дострели. Со овој трансфер добив јас, доби Македонија. Ако до сега сум имал страст и посветеност, мислам дека сега мојата желба и страст ќе биде уште поголеми да постигнувам уште поголеми резултати„ заврши Лазаров. До овој момент напоредно со доаѓањето на Карабатиќ и Лазаров, Барселона им се заблагодари и на двајца ракометари од ростерот во претходната сезона. Така Магнус Јернемир и Микел Агирезабалага заминуваат од Каталонија. Стартот на подготовките е предвиден за почетокот на август.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share