hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров оди на заслужен одмор по 69 меча и 405 гола

kire 18 06 2013

Деветте гола во неделата против Португалија без последни во напорната сезона 2013/14, во која Лазаров со мали исклучоци ги одигра сите натпревари. По одлуката на Душебаев не играше со Кил и Веспрем во Лигата на шампионите, а заради повредата здобиена на мечот Македонија - Шпанија, го пропушти возвратниот меч на овие две селекции во Гвадалахара, како и мечот од ASOBAL лигата со Арагон во Мадрид. Сепак импресивни се 405 постигнати гола на еден од најдобрите стрелци на модерното време.

Со Атлетико Мадрид

Лига на шампиони - 12 меча - 69 гола

ASOBAL лига - 29 меча - 157 гола

Куп на шпанскиот крал - 5 меча - 27 гола

ASOBAL КУП - 2 меча - 8 гола

ASOBAL Суперкуп - 1 меч - 4 гола

IHF Суперглоб - 4 меча - 28 гола

Вкупно: 53 меча - 293 гола

 

Со Македонија

СП - Шпанија 2013 - 6 меча - 44 гола

Плеј-оф за СП - Шпанија 2013 - 2 меча - 14 гола

Квалификации за ЕП - Данска 2014 - 5 меча - 29 гола

Пријателски мечеви - 2 меча - 18 гола

Вкупно: 15 меча - 107 гола

 

Ревијални мечеви - 1 меч - 5 гола

ВКУПНО: 69 меча - 405 гола (5,86 гола по натпревар)

Лазаров ја има својата последна активност во сезоната в четврок, кога во „Палау Блауграна„ ќе биде претставен како нов член на Барселона. Од петок официјално почнува неговиот заслужен одмор.

Share