Обрван прв странец во одбраното друштво
Хрватскиот тренер Ивица Обрван е петти различен тренер со кого Македонија ќе оди на големо натпреварување. Тој е единствен странец на кого тоа му успеало, а претходно Македонија ја воделе и Зоран Живковиќ, Драган Џукиќ и Веселин Вујовиќ.
На претходните две европски првенства црвено-жолтите ги одведоа и водеа Ванчо Јовановски и Звонко Шундовски, а на мундијалите во Египет и Хрватска, наши предводници беа Стевче Стефановски и Илија Темелковски. Ждрепката за европското првенство е на 21 јуни во Хернинг во Данска. Оваа квалификација отвора нови хоризонти и многу веројатно Македонија ќе биде носител и во ждрепката за баражот за светското првенство во Катар 2015 година. Посебно ако во Скандинавија блесне како лани во Србија.