hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шпанија моќно мина низ Гимареш

spport

Квалификации за ЕП - Данска 2014

Португалија - Шпанија 23:30 (12:14)

По комплетирањето на петтото коло од квалификациите за европското првенство во Данска наредниот јануари, веќе е јасно дека Македонија зависи сама од себе дали ќе го задржи континуитетот на големите приредби или не. Во малата арена во Гимареш, Португалија и Шпанија одиграа меч со мал број на голови во првото и огромен во второто полувреме, но меч во кој постојано во водство беа светските прваци.

Благодарение на голманот на ПСЖ, Сиера и неговата серија на интервенции, Шпанија со исклучок на првите 7-8 минути се одлепи, се до самиот крај. Цврстата игра во одбрана пак беше клучот за победата на „црвената фурија„ Дури и не беше потребен Арпад Штербик кој доби одмор, за да совлада Португалија. Канељас и Раул Ентрериос беа посебно мотивирани на стартот на вториот дел. Шпанците тогаш побегнаа на 20:27 и таа предност не ја испуштија до самиот крај. Последните 5-6 минути беа чиста рутина, по која Маноло Каденас ја прокнижи првата победа како селектор на Шпанија. По завршувањето на средбата португалскиот селектор Фуертес изјави: „Ништо не е готово. Одиме во Скопје по реми или победа. Шпанија се покажа како многу силен противник, кој играше сериозен натпревар од првата до последната минута. Против таков ривал едноставно немавме шанса„ рече за португалската национална телевизија селекторот на нашиот нареден противник. В недела од 20:30 секоја победа без разлика со колку голови ќе биде изразена не води на европското првенство во Данска.

zoki svajcarija
од „„Саалспортхале„ - Цирих, Швајцарија - Зоран Мишевски
 
Share