hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: „Фалангата„ во потрага по автограми и фотографии

avtkire

По завршувањето на средбата во Цирих големата група на навивачи не се разотиде, туку остана уште долго пред „Саалспортхале„ да ги сочека репрезентативците и да ја прослави победата. Најмладите посебно се радуваа на своите идоли и не сакаат да заминат без нивните автограми, фотографии за спомен и слично . Сите, без исклучок мораа да ја извршат својата задача, бидејќи „Фалангата„ ги задолжи нашите ракометари со своето навивање и однесување. Без разлика што салата во Цирих е со помал капацитет, слично како во Гетеборг минатата година на олимписките квалификации, македонците се собраа во најголем можен број. Ги имаше од сите делови на Швајцарија и околните држави и сите заедно мечот во Цирих го крунисаа со голема прослава и ветување за нова средба во Данска во јануари наредната година.

zoki svajcarija
од „„Саалспортхале„ - Цирих, Швајцарија - Зоран Мишевски
 
 
avt1
 
avt2

avt4

avt5

 

Share