hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Перковац: „Да го имавме Лазаров или Мојсоски и ние ќе бевме како Македонија„

perkovac

Селекторот на швајцарската репрезентација Перковац на прес-конференцијата по мечот јасно го призна поразот и дури и кажа и причините за истиот: „Не знам дали беше мотивот, но квалитетот дефинитивно беше пресуден фактор. И ние би изгледале поинаку да имаме барем еден ракометар од светска класа како Лазаров или Мојсоски. Вие ги имате и затоа победивте. Не знам како ќе биде кога ќе замине оваа генерација, но сега имате моќен тим.

За навивачите и нема потреба да се трошат зборови. Македонија има најдобри навивачи во светот, кои знаат кога треба да им се помогне на ракометарите. Видете како се однесуваа, како навиваа. Само може да се посака вакви навивачи, а вие бидете горди што ги имате„ заврши бившиот хрватски репрезентативец, а сега селектор на Швајцарија. Тој и неговите пулени, втората квалификациона група ќе ја завршат во недела во Леон на гостувањето кај светскиот првак и прво пласираната репрезентација во групата Шпанија на Маноло Каденас.

zoki svajcarija
од „„Саалспортхале„ - Цирих, Швајцарија - Зоран Мишевски
Share